Груевски и Мисајловски на увид во реконструираната зграда на Министерството за транспорт и врски

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска извршија увид на реконструираната зграда на Министерството за транспорт и врски.

img

Министерот Мисајловски информираше дека над 90 отсто од градежните работи  се завршени и се очекува до крајот на следниот месец реконструкцијата да се заврши  и да се започне со селење. Објектот зафаќа 4.580 квадрати, што ќе значи двојно повеќе простор од состојбата пред реконструкцијата.

Изминатиот период, административците работеа во канцелариите во некогашното Министерство за надворешни работи. Во план е покрај Министерството за транспорт и врски, во старо-новата зграда да се смести и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Државниот инспекторат за транспорт, Државниот комунален инспекторат и Агенцијата за сигурност во железничкиот систем.

 

На овој начин, како што објаснуваа од Министерството, ќе се овозможи сите сектори и органи на ресорот транспорт и врски да бидат на едно место, наместо како што е сега на повеќе локации во Скопје.

Facebook impact:

Објавено петок, 19 мај 2017 02:51:00
Напишано од Виолета