Хаос во Тетово: Тепачка со ножеви и тупаници

Синоќа на половина час по полноќ на улицата Прохор Пчињски во Тетово настанала тепачка помеѓу Ф.Б. (26) и 14-годишно момче од една страна и С.И. (22) и неговиот брат Е.И (28) од друга страна, при што се тепале со тупаници, а биле употребени нож и дрвени предмети, информираа од МВР.

img

Според полицијата, во тепачката со повреди се здобиле сите учесници во настанот, а Е.И. бил задржан во Клиничката болница во Тетово со повреди во пределот на левото рамо, левата слабина и левата нога, а според лекарите тој е надвор од животна опасност.

На местото на настанот увид извршила екипа од секторот за внатрешни работи во Тетово, при што биле обезбедени предмети кои ќе бидат доставени за вештачење.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 13 август 2017 05:00:00
Напишано од Емилија