Јакуповиќ: Фрчкоски е криминалец!

 

Пред неколку години, во јавноста беше објавено интервју со Роли Јакуповиќ, еден од сведоците на матните 90-ти во Македонија, тогашен прв човек на обезбедувањето на СДСМ.

 

img

 

-Најголемиот криминалец и арамија тие десетина години во Македонија – Бобан или Фрчко… Јас одговорно и кривично и материјално тврдам дека тој човек е криминалец.. Па само за презентација за една Нова година потроши 40.000 марки, 1.000 марки даде само за шноли и вратоврски. Да не зборувам за милионските бизниси со фри шоповите, во кои влезе заедно со неговиот брат. Сигурно се сеќавате на рејбан очилата. Јас и Славчо Саздов му ги понудивме за 15 марки по парче, а тој купи од Србија по 98 марки, вели Јакуповиќ во интервју објавено на 10-ти септември 2006 година во весникот Вечер.

А пак кога беше министер за надворешни работи го праќаше Славчо дури во Куба за да му купи пури. Ќе ви кажам и друга случка. Во една прилика бевме во Турција за да го поправиме моторот од полициската јахта. Бевме со “мерцедес кабриолет“, јас, возачот на Фрчко, Диме, возачот на Бранко Црвенковски, Зоки Миравац и еден инженер Ристо, на презимето не се сеќавам. Отидовме и ни кажаа дека моторот не го бива. Му јавив на Фрчко, тој ми рече: “Продај го, и дај му ги парите на Диме. Бидна работата а од износот издвоивме околу 1.000 марки за на шопинг, бидејќи добивме порачка на Фрчко да му купиме нешто за гардероба. Во продавницата Диме извади 20.000 долари, кои беа гланц нови, како да ги печател вечерта во хотелот. Нив и парите од моторот ги потрошивме во целост, ама му купивме добри работи на Фрчко. Кога се вративме, му велам: “Што само на возачот му даваш пари, мене никогаш не си ми далè. Фрчко само ми рече “Па никогаш не си побарал, кажи колку сакаш не е проблем, вели Јакуповиќ.

На прашањето дека освен овие, се спомнуваат и криминали кои се ценеа над 10-тина милиони евра, Јакуповиќ вели дека само за наводни дизајни на сообраќајните и возачките дозволи Фрчкоски фиктивно исплатил над 20.000 долари.

-Пример за тоа се набавките и печатењето на пасоши, сообраќајни и возачки дозволи преку фирмата ЗУС. Јас и Славчо Саздов го запознавме со директорот на ЗУС, Милан. Само што ги запознавме, веднаш се поврзаа, и целиот профит од обрасците кои МВР ги набавуваше од ЗУС го делеа 30 отсто за Фрчко, 70 за ЗУС. Само за наводни дизајни на сообраќајните и возачките дозволи Фрчко фиктивно исплати над 20.000 долари. Бизнисот се плати за 18 милиони долари, а вредеше половина од тоа, вели Јакуповиќ.

Брат му на Фрчко, Влатко, ги сместуваше сите бизнисмени со цигари и алкохол во Гранд хотел. Најчесто Срби, оти тогаш беше ембаргото, па најмногу работеше со нив, вели Јакуповиќ во интервјуто.

– Во еден наврат бевме кај Лазе Китановски дома и случајно го видовме Фрчковски, како со својот “голф“ ГТИ кој вредеше околу сегашни 40.000 евра, влегува кај Шутурков. Го забележавме тоа, почнавме да го сликаме. Кога голфот излегуваше од кај Шутурков, имаше нешто тешко во гепекот бидејки задниот дел беше искосен речиси допирајќи го асфалтот. Тие слики постојат, му ги дадовме на Лазе Китановски. Што имаше во автомобилот не знам, ама може да претпоставите. За неговите средби со Шутурков не знаеше ниту неговиот шеф, Црвенковски, вели Јакуповиќ.

На прашањето каква била улогата на братот на Фрчкоски, тој тврди дека Влатко му бил оперативец на Фрчко.

-Помнам еднаш бевме во неговиот кабинет, кога му јавија дека два камиони со моторно масло заглавиле во царината во Крива Паланка. Фрчко веднаш му се јави на Влатко да оди таму и да ги земе камионите. Во меѓувреме, го натера Томче Николовски, тогашен началник на НТШ, да се јави во паланечката царина и да нареди да ги пушти камионите. По еден месец разбравме дека ги зеле Влатко и Добри Величковски, но што се случи со нив, не знам, додава Јакуповиќ.

Сараевскиот новинар и регионален експерт за организиран криминал, Осман Ватреш за Фрковски

Еден министер за внатрешни, а потоа за надворешни работи на мала земја каква што е Македонија, која не е толку богата и на која секој денар и е потребен, на франкфуртскиот аеродром купи манжетни за кошула кои ги плати две илјади марки

-А вие знаете колкава му е нему платата. Па, како не му е срам? Тоа се гледа, не може да се сокрие. Или часовник кој Фрчкоски го плати 45 илјади марки. Па од каде му се парите?!… Постои документ, сметка… Тој е поврзан со мафијата. Околу себе има луѓе како Петрит Аме, кои треба да извршат сè што ќе им нареди. Со такви луѓе работеше и работи Фрчкоски. Му се крадат слики, икони од Македонија, фрески од Свети Наум, а тој не знае каде се? А тој вечера и пие со тие луѓе кои го направија тоа, вели Ватреш.

 

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 јануари 2017 12:39
Напишано од Емилија




Барај