Како преку ноќ фирмата која го украсува Скопје стана прифатлива за Петре Шилегов и СДС?

Една фирма веќе десетина години успева да ги добие сите тендери за новогодишно украсување на главниот град, но и на повеќе општини во Скопје и низ Македонија, а за последните 10 години компанијата која има монопол врз украсите заработила речиси два милиони евра за поставување и отстранување на украси

img

Компанијата во сопственост на Ѓорѓи Вуков во 2008 година беше цел на кривична истрага, откако по наредба на јавен обвинител финансиската полиција спроведе истрага во врска со даночно затајување, но на крајот јавниот обвинител се откажа од понатамошна постапка, реферирајќи дека од истрагата нема доволно докази за да продолжи кривичната постапка пред судските инстанци.

Тогаш опозициските медиуми, но и тогашната опозиција која денес е на чело на град Скопје, гласно зборуваа за наводниот криминал на компанијата „Линк Медиа Плус“, манипулирајќи со непроверени информации и обвинувања за наводен криминал. Неколку години подоцна, најгласниот критичар на градот Скопје и општините во Македонија, реши да склучи договор со истата фирма за украсување на градот.

Имено, денес, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов потпиша договор со фирмата на Вуков „Линк Медиа Плус“ во вредност од 150.000 евра, а договорот ќе се реализира во две фази, и тоа во прва фаза поставување на украсите, а во втора фаза отстранување на поставените украси.

По се изгледа откако дојде „животот“ фирмите кои претходно биле мета на напад на тогашната опозиција, денес се главни деловни партнери на новите власти. Освен, секако, ако не се работи за непристоен предлог кој компанијата не можела да го одбие.

 

Facebook impact:

Објавено четврток, 07 декември 2017 09:21:00
Напишано од емилија