Коневски: Аеродром и Гази Баба ќе се поврзат со нов мост

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и Ивица Коневски денес најавија нов проект.

img

Тие го промовираа заедничкиот проект за изградба на мост преку реката Вардар од Спортскиот центар „Јане Сандански“ кон општина Гази Баба, со што ќе се поврзат двете општини и во голема мера ќе се олесни движењето на граѓаните.

-Како една од најбрзо растечките општини во градот, како што рече градоначалникот Трајановски, Аеродром има само два влеза и излеза кон центарот на Скопје (преку булеварите Кузман Јосифовски Питу и Трета македонска бригада), така што има потреба од уште едно поврзување преку булеварот „АСНОМ“, на кој ќе се гради овој капитален проект, односно новиот мост, кој ќе го намали сообраќајниот метеж. Ова е уште еден доказ дека соработката со Градот Скопје и со градоначалникот Коце Трајановски е одлична и дава видливи резултати. Очекувам оваа соработка да продолжи и понатаму во интерес на жителите на општината. Граѓаните го заслужуваат тоа. Аеродром мора да оди напред, Скопје мора да оди напред, порача Коневски.

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 октомври 2017 01:08:00
Напишано од Виолета