Магла кај Македонски Брод, Сарамзалино и Демир Капија

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има кај Македонски Брод, Сарамзалино и Демир Капија, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

img

Во целосен прекин и натаму е сообраќајот на патот Кочани – Македонска Каменица, откако викендот поради одрон е блокирана целата делница. Се работи на отстранување на одронот, а се користи како алтернативен патот Кочани – Виница – Драгобрашта – Бигла- Македонска Каменица.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, застои и ограничувања претежно влажни коловози

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Тагови:

магла

Facebook impact:

Објавено вторник, 13 февруари 2018 09:12:00
Напишано од емилија