Манчевски свесно лаже за платите во образованието

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски при вчерашното гостување во емисија на 24 Телевиззија свесно ја манипулираше македонската јавностм и лажеше за платите во образованието.

img

-Не може да очекувате дека наставник кој што прима 12 или 14 илјади денари плата во основното образование ќе биде многу мотивиран да го учи вашето дете, рече Манчевски.

Сепак, ваквите лаги на Манчевски многу лесно се разобличуваат. Имено, во 2005-та година, во време кога СДСМ е на власт просечната плата во образованието изнесуваше 11.700 денари. Десет години подоцна, во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, просечната плата е дуплирана, односно истата во  2016-та година изнесуваше 22.300 денари.

Со ваквите тврдења, Манчевски и СДСМ свесно ја залажуваат јавноста и на ваков начин ги најавуваат реформите во образованието. За Манчевски, времето очигледно е застанато пред 10 години, кога за време на неговата партија просечната плата во образованието изнесуваше онолку колку што сега тој тврди дека изнесува.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 19 мај 2017 08:30:00
Напишано од g0sh3