Метеоролозите најавуваат промена на времето

Времето денеска претпладне беше променливо облачно, во северните и источните делови се уште има провејување на слаб снег. 

img

Преку денот облачноста се намали и беше сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и во Пелагонија, каде на места ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Максималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до четири степени.

Од утре па се до крајот на неделата ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе бидат во интервал од минус девет до минус два степена, а дневните ќе бидат во постепено покачување.

Од вторник следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепено покачување. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 22 јануари 2018 05:45:00
Напишано од Виолета