Мукоски до СДСМ: Сакате да ја докрајчите Македонија!

Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска од Собранието на Република Македонија порача до колегите од СДСМ да престанат да зборуваат за одговорност бидејќи тие се оние кои што во минатото ги распродаваа државните интереси, а денес сакаат таа работа да ја довршат.

img

„Дали сте свесни дека со прифаќањето на Тиранската платформа прифативте два јазика, две писма, дебата за промена на знамето, химната и грбот, па што ви смета во државните симболи! Вие ли ќе зборувате за одговорност кога сакате и она што досега не успеавте да го распродадете, сега да го продадете“, рече Мукоски.

Facebook impact:

Објавено петок, 21 април 2017 01:54:00
Напишано од Виолета