Ни доаѓа и многу снег и пад на температурите

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. 

img

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус пет степени, а дневната од еден до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до два, а дневната до осум степени. 

Врнежи од снег со слаб до умерен интензитет во западните и јужните делови ќе има и во четврток. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Нови врнежи се очекуваат кон почетокот на наредната работна недела. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 14 февруари 2018 09:10:00
Напишано од Виолета