Нов температурен шок!

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево, наутро свежо, преку денот потопло. Ќе дува слаб северозападен ветер.

img

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со температура од четири до 24 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст. Во сабота повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура благо ќе опадне, но од недела повторно ќе биде во пораст.

Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури за овој период од годината.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 октомври 2017 09:04:00
Напишано од Виолета