Новите врнежи може да го зголемат нивото на реките

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево соопшти дека по најавите за нови врнежи од дожд и снег и постудено време можно е извесно зголемување на водостоите на реките особено во западните и јужните делови, но не се очекува излевање. 

img

Зголемување на нивоата се очекува на реките Треска, Црна Река и Голема река во околината на Ресен, како и на водотеците кои допаѓаат од Кожуф и реките во Гевгелиско-валандовска котлина. 

Од УХМР велат дека иако не се очекуваат поплавувања на реките, сепак можни се високи водостои во овие сливни подрачја поради што се предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците.

Во текот на денешниот ден и ноќта се најавуваат врнежи од дожд и снег кои, според прогнозата, на некои места ќе бидат пообилни така што локално се предвидува да наврнат и над 30 л/м2. Се очекува да преовладува доста студено време поради што на повисоките места и на некои пониски, врнежите ќе бидат од снег.  

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 13 февруари 2018 04:29:00
Напишано од Виолета