Опожарени 2 куќи во Ржаничино

Вчера околу 13,20 часот во ЕИК-Скопје, било пријавено дека во с.Ржаничино кај гробиштата горела сува трева, а од пожарот биле зафатени две помошни простории од викенд-куќи.

img

Првично се работи за неколку помошни простории од кои една е сопственост на Д.С. (74) од Скопје. При гаснењето, истиот се здобил со телесна повреда (изгореница во пределот на подлактицата на десната рака). Пожарот бил изгаснат од екипа на БППЗ околу 17,00 часот. Местото на настанот било фотографирано од страна на ЕУМНА.

Facebook impact:

Објавено сабота, 04 март 2017 05:28:00
Напишано од Виолета