Петар ги расчисти дилемите: „Ако вика оџата, ќе вика и попот“

Битолчани веќе извесно време не можат да се изборат со бучавата која видно ги вознемирува и го нарушува нивниот мир, барем како што тврди група нив коишто регираат на гласните верски објекти. Колку што може да се забележи, револтираните граѓани реагираат и на социјалните мрежи, но засега сѐ е залудно.

img

Проблемот со којшто се соочуваат жителите на овој град не се темели на верска основа, туку на тоа колку гласно верските објекти ја пропагираат религијата.

Така, црквата „Св. Богородица“ преку звучници ги пренесува службите, а Исак џамијата преку разглас ги пушта молитвите на оџата.

„Дури се слуша оџата во Битола, ќе се слуша и литургијата“, на овој начин преспанско-пелагонискиот владика г. Петар возврати на реакциите на група револтирани битолчани кои не можат да изнајдат решение за бучавата.

Проблемот веќе трае два месеци наназад, а гледано од правна страна, законски не е регулирана бучавата што доаѓа од верски објект, односно не е опфатена во Законот за заштита од бучава.

Од друга страна, Исак џамијата неколкупати дневно го пренесува пеењето на оџата од минарето и жителите од едниот и од другиот крај не можат да се изборат против овој проблем.

Самите реагираат дека едно е да се пропагира верата, но не мора со толкава бучност.

Со оглед на динамичното работно време, поголемиот дел од жителите се соочуваат со недостаток на сон, па дури и за празници.

Редакцијата на Пулс24 стапи во контакт со неколку жители на градот Битола, коишто ја потврдија приказната.

„Се знае кој дел од денот е за одмор, па макар и за празници. Ние тука водиме соживот без разлика на етничката припадност и се дружиме меѓусебно. Затоа сме согласни дека некој треба да преземе нешто во поглед на ова прашање. Не сме против црквата, ниту џамијата, а камоли било кој друг верски објект. Ни треба мир“, изјави еден револтиран жител за нашата редакција.

Ваквиот проблем треба да го решат надлежните институции и тоа што е можно поскоро, со оглед на фактот дека луѓето немаат идеја како да изнајдат решение за овој необичен проблем.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 30 ноември 2015 12:03:00
Напишано од g0sh3