Потсетување за даночните обврзници кои немаат подмирено обврски за 2016 година

Град Скопје, во наредниот период ќе пристапи кон достава на Решенија за присилна наплата на долг за данок на имот и фирмарина, од физички и правни лица кои во согласност со Законот во предвидените рокови ја немаат подмерено својата обрска за 2016 година, информираат од Градот.

img

Се известуваат сите даночни обврзници (физички и правни лица) кои во наредниот период на своја адреса ќе добијат Решение за присилна наплата за 2016 година, веднаш да пристапат кон плаќањето на наведениот долг согласно решенијата за присилна наплата, со што би се избегнала непопуларната мерка за блокада на сметки во деловните банки.

Доколку даночните некои обврзници кои се опоменати, или им е исратено решение за присилна наплатапа, во меѓувреме го имаат палтено долгот, треба да се обратат во Град Скопје, барака 16, со доставување на доказ за уплата на долгот за 2016 година.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 17 јули 2017 01:32:00
Напишано од Виолета