Пожар во Прилеп! Изгореа две куќи

Како што соопшти МВР, вчера околу 15:30 часот било пријавено дека во Прилеп на улица „Задарска” во куќа сопственост на 35-годишниот Д.В., избувнал пожар. 

img

При пожарот изгореле две куќи и причинета е огромна материјална штета. Поради збиеноста на куќите на оваа улица, пожарот лесно е пренeл од едната на другата куќа.

Навремено интервенирале од територијалната противпожарната единица – Прилеп, при што било спречено понатамошно ширење на пожарот.

Сега семејствата од двете куќи имаат итна потреба од помош и секаква хуманост би била добредојдена, пренесе прилепскиот портал Маркукуле.

Причина за пожарот бил неисчистен оџак. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 22 јануари 2018 06:21:00
Напишано од Виолета