Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата вчера ги посетија родителите на децата со посебни потреби

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата вчера ги посетија родителите на децата со посебни потреби и договорија средба во Собрание.

img

Во текот на вчерашниот ден веднаш по поставувањето на камповите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата „За подобра Македонија“ ги посетија и остварија средба со родителите и претставниците од граѓанските здруженија за правата на лицата со посебни потреби.

Во текот на посетата од страна на пратениците беа примени барањата од родителите на децата со посбни потреби и се договори состанок во Собранието на Република Македонија со цел разгледување на барањата кои ги имаат и решавање на нивните проблеми.

Пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ истакнаа дека ќе се заложат на состанокот да бидат пристуни преставници од надлежните институции со цел побрзо решавање на
проблемот со кои се соочуваат граѓаните.

Facebook impact:

Објавено петок, 21 април 2017 05:16:00
Напишано од sasho