Првиот човек на КСС избркан од работа

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) обвини дека се вршат притисоци врз синдикалните лидери и најави дека доколку ваквите притисоци не престанат ќе излезат на протест и ќе преземат активности за организирање на генерален штрајк.

img

Претседателот на КСС Благоја Ралповски како најнов пример за притисок врз синдикалните лидери го посочи неговото бркање од работа во АД ЕЛЕМ.

– КСС јавно ги искажа своите ставови и побара од Владата усогласување на платите согласно минималната плата, покачување на платите во јавниот сектор и отворање на Општиот колективен договор со посебен акцент на регресот за годишен одмор познат како К-15. Наместо преговори, одредени структури на власта т.е. управни одбори на АД ЕЛЕМ спречија легитимни синдикални избори, а директорите сакаа насилно да постават свои луѓе со цел преземање на синдикалните организации, изјави денеска Ралповски.

Со ова, според Ралповски, се прекршени многу меѓународни конвенции од Меѓународната организација на трудот, како и Законот за работни односи.

КСС вчера доби јавна поддршка и од регионалните синдикални организации од поранешна Југославија кои го осудија давањето отказ на претседателот на КСС поради неговото синдикално ангажирање и побараа да се поништи оваа одлука. 

Тагови:

КСС отказ

Facebook impact:

Објавено четврток, 07 декември 2017 06:33:00
Напишано од Виолета