СДСМ ги сопре сите археолошки истражувања

За ВМРО-ДПМНЕ културата претставува стратешки интерес и тоа го докажа во изминатите 11 години. Културата е жива материја со повеќе сегменти меѓу кои и заштитата на културното наследство. По 30 години во Република Македонија се основа Археолошкиот музеј на Македонија, оваа институција и недостасуваше на Македонија од причини што археолошкиот оддел функционираше во рамки на Музејот на Македонија, истакна Весела Честоева на денешната трибина „Знаеме како можеме подобро“ посветена на културата, а во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

img

Во делот на инвестициите кои Владата преку Министерството за култура ги реализираше во изминатите години беше и овој современ објект каде се изложени повеќе од 8.000 артефакти кои претставуваат репрезент на македонската култура на кој треба да биде горд секој Македонец. ВМРО-ДПМНЕ како Влада во изминатите 11 години доста вложи и во делот на археолошките истражувања, особено во делот на капиталните археолошки истражувања, се работеше на повеќе од 40 археолошки локалитети, голем дел од овие артефакти денес се сместени во Археолошкиот музеј, дел чекаат да го поминат процесот на конзервација за да можат да бидат изложени, вели Честоева.

Таа додаде дека археолошките истражувања што придонеле за големиот број артефакти да бидат откриени, а во истите се вклучиле голем број на професори, студенти, работници.

-Во овие 100 дена за жал, откако СДСМ дојде на власт сите археолошки истражувања се сопрени, односно со ребалансот на буџетот се скратени точно 30 милиони денари и тоа е првата мерка која министерот Алаѓозовски ја донесе во овие 100 дена, посочи Честоева.

 

Facebook impact:

Објавено среда, 13 септември 2017 12:15:00
Напишано од емилија