СДСМ со подмолна црна кампања, дели запалки во Штип со името на Захариев, со гласачкиот број на СДСМ

СДСМ и Благоj Бочварски продолжуваат со бескруполозната црна кампања против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Штип, Илчо Захариев во пресрет на вториот круг од локалните избори.

img

Подмолната црна кампања на СДСМ во Штип продолжи со делење запалки со името на Илчо Захариев, на кои е заокружен со гласачкиот број на СДСМ.

„Бог да го прости градоначалникот Илчо Захариев. Нека му е вечна слава“. Морбидно видео со ваква содржина деновиве ги преплави социјалните мрежи. Главниот протагонист, извесен Сафет Али од Штип, симпатизер на владејачката СДСМ е снимен како држи погребен венец, преправајќи се дека организира погреб за кандидатот за нов мандат од ВМРО – ДПМНЕ, Илчо Захариев.

Дека станува збор за човек на владејачката гарнитура покажуваат и фотографиите кои ги објавија дел од медиумите. На нив се гледа како Али седи со лидерот на партијата Зоран Заев, но и со кандидатот за градоначалник на Штип од редовите на СДСМ, Благој Бочварски.

Штипјани се згрозени. Во изјава за локалната телевизија „Стар“ велат очигледно е дека станува збор за партиски активисти, но нечовечки е некој да се служи со такви морбидни активности.

За градоначалникот Захариев, ова е уште една од низата закани кои членови и симпатизери на СДСМ ги упатиле до него. Тој вели дека партијата продолжува со негативната кампања, а чинот го оцени како врв на нечовечноста.

Facebook impact:

Објавено сабота, 21 октомври 2017 05:39:00
Напишано од Виолета