СДСМ тотално расчистува со културата од аспект на национален интерес и воведува хаос

Министерството за култура го гледм како Министерство за одбрана. Ние сме мала држава, немаме агресивни амбиции кон другите држави, но имаме една култура која е специфична, посебна и која има долги вековни традиции, истакна Филип Петровски на вечерашната

img

Она што го има во нашата земја, прикажано во музеите, она што го имаме како творештво во сите делови на уметноста, она што го имаме како документација во нашите библиотеки и архиви покажува дека ние имаме една голема традиција, сериозен и значаен национален идентитет. Во таа смисла се она што се правеше во изминатите години во областа на културата го сметам како област на одбраната. Ние преку културата ја браневме државата, односно го браневме нашиот национален идентитет. Согласно ова не случајно Министерството за култура и како објект, и како спој на институции и поединци кои го претставуваат во минатите години беше цел на нападите на Шарената револуција која ги таргетираше не само спомениците во Скопје, туку и зградата на Министерството за култура, вели Петровски.

Тој вели дека Министерството за култура било ставено на удар затоа што спротивната идеологија и култура морала ова да го девалвира.

-Сега после насилното преземање, односно инсталирањето од надвор на тоталитарниот режим, тие го покажаа вистинското лице. Вистинското лице прво е претставено во Алаѓозовски кој ја инсталираше теоријата на хаос во Министерството. Почна да работи незаконски, насилно да менува директори. Тоа покажува манифестација на една агресија, на едно насилие кое потоа се преслика на сите нивоа во културата. Она што досега можеа да го направат покажува инсталирање на едно едноумие, тотално расчистување со културата од аспект на национален интерес, воведување на хаос, приватизирање на културата, посочува Петровски.

 

Facebook impact:

Објавено среда, 13 септември 2017 12:07:00
Напишано од емилија