Слава на државна сметка- Алаѓозовски на куќна слава кај Стојанче Ангелов со службено возило и обезбедување

Големиот христијански празник Св. Архангел Михаил вчера беше одбележан и во домот на семејството Ангелови, а почесен гостин на прославата беше и министерот за култура Роберт Алаѓозовски кој отпатува во Штип специјално за прославата на празникот на покана на Стојанче и Јасминка Ангелови, пишува порталот Инфомакс.

img

Куќната слава на семејството Ангелови вчера беше „збогатена“ и со присуството на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој специјално отпатува во Штип на покана на Стојанче и Јасминка Ангелови.

Инфомакс пишува дека Алаѓозоски на приватната прослава пристигна со службеното возило на министерството за култура и уште едно возило обезбедување. Секако, на државна сметка, од парите кои владата со зголемените акцизи и даноци ги зема од граѓаните.

 

Искомплексираноста на кадрите на СДС од 12-годишната опозициска сага, сега се манифестира преку расипништво и прекумерно трошење на народните пари, додека министрите и директорите поставени од Заев уживаат патувајќи низ светот во прва класа, или пак со службените автомобили, стои во текстот на порталот.

Како тоа да не е доволно, министрите како Шеќеринска за својот кабинет си нарачуваат и бадеми, фстаци, жестоки пијалоци, морска храна, а сето тоа го финансира буџетот кој оваа година ќе се полни преку зголемените даноци, зголемената акциза, задолжувањето од 1 милијарда евра и намалените субвенции.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 22 ноември 2017 06:27:00
Напишано од Виолета