Снегот конечно доаѓа: Од утре целосна промена на времето

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаби проврнувања на дожд и снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од два до девет степени.

img

Следува период на претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поради спуштање на студен воздух од север, в недела и в понеделник ќе има услови врнежите да преминуваат во снег и на некои пониски места.

Повеќе врнежи ќе има во северозападниот дел од земјава.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 13 јануари 2018 03:36:00
Напишано од Вероника