Сончево со умерен ветер и температура до 27 степени

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло со умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.

img

Како што соопшти УХМР, утрото ќе биде свежо со утрински температури кои ќе се движат во интервалот од 0 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде од 21 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 25 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст. Исклучок ќе има в сабота кога ќе биде малку до умерено облачно и повремено ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Во почетокот на наредната работна седмица се очекуваат и натпросечни дневни температури.

 

Facebook impact:

Објавено петок, 13 октомври 2017 08:17:00
Напишано од емилија