Стефаноски: Оливер Спасовски го претвори МВР во партиски штаб на СДС

Злоупотребата на државните институции од страна на СДС во партиски цели за време на предизборниот период е се поголема и помасовна. Одвоеност меѓу партијата и државата веќе не постои, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

img

Милан Стефаноски од ВМРО-ДПМНЕ истакна денеска дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, го претвори министерството во партиски штаб на СДСМ.

-Спасовски со обезбедување и службени возила оди по партиски настани и агитира по вратите на граѓаните. Неговите раководители наместо да работат по закон и да ги извршуваат задачите за кои добиваат плата, не се свртеле во канцелариите бидејќи се зафатени со митинзи и кампања. Сите ресурси на Министерството се ставени во функција на предизборната кампања. Советникот за полициски работи на Оливер Спасовски, Стојанче Ангелов, во Ранковце вршел агитација меѓу пазарџиите да гласаат за СДС. На вчерашниот пазарен ден во Ранковце, Стојанче Ангелов пристигнал со службено возило на МВР во текот на работното време. Советникот на Спасовски, Стојанче Ангелов, кој беше учесник во насилните протести на кои беше тепана македонската полиција, покрај иницирањето на насилство врз своите колеги сега ги злоупотребува функцијата и ресурсите во Министерството, посочи Стефаноски.

Нагласи дека заканите на Заев дека ќе јаде живи луѓе и ќе менува од чистачка до директор во сите институции веќе се спроведува.

-Министерството за внатрешни работи е целосно партизирано. Професионалците и професионализмот се истиснати од партиски послушници. Затоа не е расчистен ниту еден инцидент и не се знаат вандалите кои оштетуваат штабови. Затоа Македонија станува крвава арена за криминални пресметки. Ваквата однесување на СДС е незаконско. Ваквото однесување на СДС е знак дека се во паника од поразот што ги очекува. Злоупотребата на автомобили и ресурси на МВР нема да им помогне да се спасат од поразот. Казната ќе стигне во недела на 15-ти октомври, истакна Стефаноски.

Facebook impact:

Објавено среда, 11 октомври 2017 08:10:00
Напишано од g0sh3