Телото на починатата професорка Тројачанец предадено на обдукција

Телото на професорката Снежана Тројачанец по наредба на Јавен обвинител е предадено на обдукција по што ќе бидат познати причините за смртта.

img

Од МВР за Курир денес информираат дека смртта кај Снежана била констатирана од страна на лекарски екипи од Итна медицинска помош без видливи траги на насилство.

Како што вчера објавивме безживотното тело на Снежана Тројачанец било пронајдено околу 13 часот на местото каде реката Серава се влева во Вардар, по повеќе од 24 часа од нејзиното исчезнување.

Во изјава за Фокус, сопругот на почината професорка изјавил дека таа била пронајдена со помош на кучиња трагачи.

Исчезнувањето на Снежана го крена целиот град на нозе, огромен број граѓани се вклучија во потрагата и се обидуваа да ја пронајдат жената во секоја населба.

-Благодарен сум на цела земја, на сите што се вклучија во потрагата и кои ни понудија помош, вели сопругот Пламен.

Семејството за Фокус изјави дека се плашеле од најлошото бидејќи Снежана еден месец се лекувала од депресија.

Facebook impact:

Објавено четврток, 07 декември 2017 09:58:00
Напишано од емилија