Температурите одат во минус, пристигнуваат ладни денови и снег

Од денеска наутро се јави продор на студена воздушна маса над Македонија што треба да донесе и значително намалување на температурите кое сепак нема да биде блиску ни до просекот. Наутро температурите до крајот на неделата ќе почнат да паѓаат под нулата. 

img

Поради спуштање на постудена воздушна маса, од недела се можни врнежи од снег на повисоки места.

Целата наредна недела се очекува да биде влажна а некаде кон средината можно е да се создадат услови и за позначителни снежни врнежи кои можеби и ќе формираат снежна покривка. Наутро температурите ќе бидат околу минус 3 степени а во текот на денот ќе достигнуваат и до 7 степени.

Во Скопје слично време со температура до седум степени.

Од сабота кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што во следните два дена ќе услови врнежи од снег и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет.  

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 12 јануари 2018 06:13:00
Напишано од Виолета