Трагичната судбина на застреланото дете!

Два дена поминаа откако 16 годишниот Д.Т. беше застрелан од струмичката полиција во градниот кош. После лекарската интервенција на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, младиот Д.Т. се уште се бори за неговиот живот, пишува порталот Инфомакс.

img

Два дена го нема ниту Оливер Спасовски, ниту кој било од МВР да изрази жалење и да преземе одговорност за бруталното и незаконско однесување на струмичката полиција. Началникот на СВР Струмица ја ужива партиската доверба на Оливер Спасовски и целосно е под негова заштита. Одговорност нема. Ниту од Оливер Спасовски, ниту од началникот на струмичката полиција Пројковски.

-Тоа што зачудува е што нема реакција од родителите на застреланиот Д.Т.. Дали некој им се заканувал или се обидел да ги замолкне на друг начин ? Ова е дилемата која што ни се наметна. Се обидовме да провериме за што станува збор. Преку контакти во Радовиш дознавме дека Д.Т. и родителите живееле во Словенија, каде пред подолг период се заминати на печалба, пишува Инфомакс.

Според информациите на порталот момчето пред неколку дена пристигнало во земјава за да го помине летото тука.

-Според информациите кои ги добивме нема многу другари, ниту блиски роднини. Од МВР нема информации дали му јавиле на семејството што се случило со нивниот син, ниту пак информации дали и кога ќе пристигнат во земјава неговите родители, пишува Инфомакс.

Д.Т. во моментов се уште е приклучен на апарати на КАРИЛ, откако во животно загрозувачка состојба беше пренесен од Струмица за Скопје. Неговиот пријател 17 годишниот А.Ѓ., кој беше застрелан во натколеницата, се уште се наоѓа во струмичката болница откако му беше извршена хируршка интервенција.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 13 август 2017 05:44:00
Напишано од Емилија