УХМР со вонредна прогноза за викенд

Утре ќе биде претежно сончево, утрото студено, а во текот на денот со слаб до умерен југозападен ветер.

img

Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег.

Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.

Во недела наутро се уште ќе има локални врнежи од дожд, а во подрачјата повисоки од 700 метри надморска висина врнежите ќе поминуваат во снег (во северните делови можно е снежната граница да биде и пониска). Врнежите во недела нема да бидат обилни, а попладне облачноста ќе се намали

Од понеделник се очекува повторно зголемување на облачноста проследено со повремени локални врнежи од дожд, информира УХМР.

Facebook impact:

Објавено четврток, 07 декември 2017 08:28:00
Напишано од Виолета