Велиновска: Спасов не е магаре ниту човек, типот нема ни чест ни образ

Прв факт, Спасов не е магаре ниту човек, типот нема ни чест ни образ, па не му паѓа на памет да се самоубие, напиша новинарката Мирка Велиновска за Ѓорѓи Спасов. 

img

По признание на Бранко Црвенковски, Спасов е негово дете. Тој го родил или создал во наплив на уметничка креативност. Иако физички постоеше и пред тоа. Дали го делкал од ребро, дали од глина, тој си знае. Важно е само тоа дека за неговата професионално-политичка кариера од 1993 година е одговорен тој, оти ропаков сам  не билспособен  речиси ништо да создаде со сопствен труд и интелект, напиша Велиновска за Спасов.

Втор факт. Спасов како генерален секратар на СДСМ ќе се памети по класичното газење на демократијата. ” голуб превртач смени став кога СДСМ за коалиционен содружник го одбра никој друг туку Љупчо Георгиевски и ,,шарлатанот“ Љубе Бошковски. Срам? Ма ајде, ви се молам! Прагма заради која денес ~ го пушат и на ЦИА и на Сорос и на цела белосветска неофашистичка профитерска багра. Прагма заради која утре, ви гарантирам со глава, ќе одат на ,,лизинг“ во Москва со исто образложение – дека не се магариња, туку авангарда, напиша Велиновска.

Третиот факт, Спасов беше министер за правда токму во времето кое може слободно да се каже дека е неправда. Тоа е токму во времето на раните деведесети кога судството и обвинителтстово 100 осто и без исклучок беше партиско под капата на СДСМ. Судиите директно се бираа во кабинетот на СДСМ, наместо низ транспарентна постапка и небепше отворен ниту еден случај за криминалната транзиција и приватизација во која беа затворени над 400 големи фабрики и 200 илјади останаа на улица.

Четвртиот факт, гулабот превртач поради слабото министерување беше пратен во Англија да биде амбасадор со цел да го тргнат од владата. Потоа и од таму беше отповикан по низата дипломатски скандали како и сомнежи за финансиски малверзации.

Петиот факт за бедата на Спасов е тоа што тој е лустиран кодош. Членовите на лустрациската комисија утврдиле дека Спасов соработувал со службите за безбедност во осумдесеттите години и оти неговото име го имало во три лични досиеја во Државниот архив.Од документите кои се објавени на веб-страницата на Комисијата, може да се види дека Спасов давал податоци за лица поради анархолиберализам, за лица кои сакале да се воведат полиберални сфаќања во општеството, односно досиејата биле формирани поради идеолошки и политички причини.

Во решението на Комисијата за верификација на фактите се вели дека Ѓорѓи Спасов како асистент во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, давал информации за лица од весникот „Студентски збор“ кои делувале од анархолибералистички позиции, сакале да воведат полиберални ставови во весникот што ќе ги интересираат граѓаните, а иницирале и собирање потписи во градот во знак на поддршка на синдикалната организација „Солидарност“.  Спасов објави дека управниот судја поништил одкуката за лустрирање, но освен тоа што не ја објави одлуката и за кој дел се однесува тоа,  уште поважно тоа не го поништи фактот дека тој поткажувал и кодошел за што има и пишани списи.

Шестиот факт, Спасов е носител и главен на партиската агенција Рејтинг. Оваа агенција е клон на СДСМ и по потреба пушта анкети кои по правило се целосно погрешни но имаат намера да го храбрат членството на СДСМ кому се друго треба да е виновно само не партиското раководство за сите изборни порази во низа. Спасов ги утна локалните претседателски избори, повеќе парламентарни избори како и референдумот за ГТЦ во Центар.

Седмиот факт за очајот и бедата на Спасов е тоа што јавно застана во одбрана на платеничката револуција финансирана од СОРОС, во време кога тој преку неговите организации зема пари и проекти од СОРОС. За колкава сума стаува збор тој никогаш не се произнесе иако сомневањата се дека се работи за неколку милиони денари месечно. Факт кој никогаш не го порекнал, пренесува Инфомакс.

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 јануари 2017 12:08:00
Напишано од Виолета