ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е да се скандализира градбата на црквата Св.Елена и Константин во Скопје а се молчи за поткупот на Заев

Срамно е да се скандализира изградбата на црквата „Св. Елена и Константин“ и со манипулации да се напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, а да се молчи за видео снимка на која се гледа како Зоран Заев бара поткуп за себе од 200.000 евра, криејќи се зад наводна изградба на црква во Струмица за што постои и видео запис, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

img

-Самиот прилог на Нова ТВ во кој наводно се открива некаков измислен скандал со градбата на црквата „Св. Елена и Константин“ е одличен пример на замајување на јавноста како да не се збори и да не се мисли на:

Промена на името и новото име на државата за чие изнаоѓање самиот премиер се пофали дека работи.

Како да не се збори за неуставниот закон за двојазичност кој упорно се турка во Собранието од страна на пратениците на СДС подржани од останатото парламентарно мнозинство.

Како да не се говори за договорот за Бугарија и менувањето на историјата на дневна основа, почнувајќи од антидржавните изјави на членот на Советот на култура на СДС, Мирослав Грчев дека македонска нација не постои, и е измислена, па се до говорите на Петре Шилегов и поделбите кои ги прави на фашисти и антифашисти во исто време кога се плаши да одговори против кого војувале македонските партизани на 13-ти ноември при ослободувањето на Скопје.

Да не се говори за покачената акциза за нафта со кое на секое семејство ќе му се одземе по една просечна плата годишно.

Да не се зборува за најавите за покачување на персоналниот данок, данокот на добивка, како и планираното задолжување од речиси една милијарда евра за наредната година.

Одличен начин да не се зборува за фактот што владата не донесе ниту една единствена странска инвестиција, како и дека нема ништо од ветувањето за просечна плата од 500 евра, зголемени пензии кои во реалноста се намалуваат, како и плата од 1.500 евра за докторите кои во реалноста нема да ги остварат ниту сега ниту за 4 години.

Како да не се говори за дуплираните патни трошоци за пратениците во ситуација кога се вели дека нема пари во буџетот.

Како да не се зборува за договорот во 4 очи со кој доби одобрение за градба на „Тополка“ вицепремиерот Анѓушев, и фактот што „Колска“,„Фени“ и „Еурокопмозит“ наспроти ветувањата за развој се во уште поголеми проблеми и пред целосен банкрот.

За тоа како медиумите се притиснати со разнишана независност, а газдите уценети преку СЈО, наспроти лицемерието и басните за некаква самостојност која владата ја продава секој ден.

За скандалот во кој Горјан Тозија стопира македонски филм со патриотска содржина и има сведоштва за барање на мито со цел истиот да се заврши.
За тоа дека наместо живот, единствено што дојде е криминал, рекет и убиства по улиците. Убиците стануваат херои, а криминалците ѕвезди со што се потврдува фактот дека тие што со криминал дојдоа на власт, со криминал и ќе владеат.
Сето ова паѓа во втор план, а најважен е обидот лажно, со неосновани напади да се конструира слика за некаков криминал кој не постои. И тактиката е колку повеќе се говори за измислен криминал, толку повеќе да се заборави на се ова што претходно го наведовме, се додава во соопштението.

Членовите и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението, партиципираа во донаторските акции за изградба на црквата „Св. Елена и Константин“, со свои доброволни донации и прилози во зависност на сопствената волја и проценка.

-И тоа не е нешто од што се срамат ниту го кријат. Се друго е малициозен обид за девлавирање на изградбата на црква. И на крај отворено ги прашуваме соросовите гласила кои работат по нарачка на СДС, зошто толку многу им пречи изградбата на црква во централното градско подрачје на Скопје и дали тоа не е уште удар врз македонскиот национален идентитет во чиј составен развој е православната црква, и дали не е уште еден обид за идентитетско обезличување на македонскиот народ?

Тагови:

ВМРО-ДПМНЕ

Facebook impact:

Објавено среда, 15 ноември 2017 09:28:00
Напишано од Вероника