Во февруари пролетно време, а од март нови изненадувања

Времето во Србија до крајот на февруари ќе наликува на пролет, но според најавите на метеорологот кој го консултирале, српски Информер пишува дека на почетокот на март се враќа зимата! 

img

Како што беше најавено од страна на РХМЗ на Србија до крајот на овој месец, просечната температура нема да се спушти под 7 степени, а максималната дневна температура ќе се зголемува до 24 степен.

Метеоролог од „Weather2Umbrella” Ѓорѓе Ѓуриќ за српски “Информер” вели дека во Србија ќе има смена на сонце и дожд и такво време се очекува до крајот на февруари.

– До крајот на месецот температурата ќе биде над просекот за овој период од годината, со сонце и дожд. Во наредните денови температурата ќе оди до 24 степени, а најстудено ќе биде до седум степени. За февруари тоа е многу потопла од вообичаено – вели тој.

Според него, на крајот на зимата се уште нема крај

– Честите промени на топли и свежи денови ќе трае до крајот на февруари, а потоа тоа ќе не изненади Баба Марта! Веќе во првите денови на март ќе имаме уште еден бран на зима. Наутро ќе биде студено со мразеви и температура околу нулата, а во некои области ќе има и помалку. Максималната температура нема да го надмине 6-от степен. Во овие денови можно е да има снежни врнежи, особено на планините – вели тој.

Со оваа прогноза се согласуваат и вработените од РХМЗ во Србија, чии долгорочни временски прогнози велат дека на почетокот на март ќе има драстичен пад на температурата.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 23 јануари 2018 05:18:00
Напишано од Виолета