Во тетовски угостителски објекти затекнати странски државјанки кои работеле како танчерки

Четири странски и седум македонски државјанки биле затекнати при полициските акциски контроли што изминатата ноќ околу 1 часот по полноќ биле извршени во два угостителски објекти на тетовското подрачје информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

img

Според неговите податоци контролите била со цел откривање на странски државјанки кои го злоупотребуваат нивниот туристички престој во Македонија како и лица по кои се трага.

Во угостителскиот објект „Баци“ во Боговиње сопственост на Н.Ш.(33) од ова тетовско село полицијата затекнала три албански и една државјанка на Косово како и четири женски лица од земјава на возраст од 22 до 36 години кои во објектот биле ангажирани како пејачки и танчерки.

– Затекнатите женски лица и сопственикот Н.Ш. биле приведени во СВР Тетово по што странските државјанки биле задржани и предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, рече Јосифовски.

Во другиот контролиран угостителскиот објект „Ердо“ што се наоѓа на патот за Брвеница не биле затекнати странски туку само три македонски државјанки. 

Facebook impact:

Објавено четврток, 07 декември 2017 12:56:00
Напишано од емилија