Времето денес облачно со обилни врнежи и слаб умерен ветер

Во Македонија утрово е облачно со врнежи од дожд и дува слаб до умерен ветер од северен правец.

img

Во текот на денот врнежите од дожд на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови. Локално ќе има услови и за пороен дожд и грмежи. Максималната температура денеска ќе движи од 10 до 15 степени.

УХРМ информира дека најмногу дожд има наврнато во Маврово – 28 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка и Виница само еден литар на метар квадратен. Во Гевгелија наврнале 26 литри на метар квадратен, во Лазарополе 24, Пожаране 22, Демир Капија 19, Крушево 16, Дојран и Претор 12, Дебар 10, Охрид 9, Битола 7, Тополчани и Тетово 6, Струмица и Зајчев Рид во Скопје 4, Петровец Скопје 3 и Штип и Прилеп 2 литри на метар квадратен.

Влажниот бран што ја зафати Македонија се очекува да предизвика зголемување на водостоите на реките, кои сеуште се под просекот за ноември.

Зголемување на водостојот се очекува на сите водотеци низ земјава, особено кај помалите каде се можни локални излевања. Од УХРМ предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците, особено покрај помалите, и будно следење на состојбата во следните денови. 

Тагови:

ветер врнежи

Facebook impact:

Објавено среда, 15 ноември 2017 08:52:00
Напишано од Вероника