За само 100 дена, Вице Заев и Ристо Масев успеале да направат еден куп ујдурми преку Македонската берза!

За рекордно време од само 100 дена, кланот Заеви успеаа да направат огромни зделки, претходно обезвреднувајќи ги имотите на компаниите кои сакаат да ги преземат, за што на пред 20-тина дена беа предупредени од Македонската Берза за неправилно превземање на „Стоковна Куќа-Струмица“, пишува порталот Инфомакс.

img

По обезвреднувањето на текстилниот гигант „Герас Цунев“ , кој со имот вреден преку 1 милион евра беше откупен од братот на Зоран Заев, Вице за нешто повеќе од 20.000 евра (за 7.396 м2), кланот Заеви продолжуваат со применувањето на шемите на Бранко Црвенковски и СДСМ од 90-те години, кога големите капацитети беа намерно обезвреднувани од комунистичките директори, а потоа блиски луѓе до Црвенковски ги откупуваа по багателни цени.

Имено со 20.000 евра не може да се купи ниедна најобична гарсониера од 25 квадратни метри, а не, пак, имот со деловни објекти , индустриски погони со површина од 1.849м2 на атрактивни  локации во општина Струмица.

Со ова се отвара сериозен сомнеж дека купопродажбата е вклучена со уцена или некој друг вид на притисок.

Но зачудува нестрпливоста на кланот Заеви, кои, ете, не дочекаа ниту да минат стоте денови од владата на нивниот претставник во политиката за да започнат со купувањето на Македонија. Или, можеби, процените се дека власта ќе биде краткотрајна па мора да се искористи секој момент.

Освен „Герас Цунев“, Вице влегол и во бизнис со стоковни куќи, па заедно со Ристо Масев, инаку екс-пратеник на СДС и татко на актуелниот градоначалник на Струмица, пред 20-тина дена ги откупиле и акциите на „Нова Стоковна куќа АД Струмица“, при што Македонската берза констатирала неправилности при превземањето на акционерското друштво, за што и јавно биле опоменати од страна на берзата.

Ристо Масев, инаку е пратеник на СДС од 90-те, период во кој се правеше масовната приватизација при што стотици илјади работници останаа на улица, а луѓето блиски до СДС станаа олигархија. Масев, е познат и по скандалот со откупот на комплексот „Бања Банско“ по багателни цени во 2006-та година.

Поранешниот пратеник на СДСМ, Ристо Масев, инаку кум на Владо Димов, ексминистер за здравство и пулен на Бранко Црвенковски, преку ноќ, по багателна цена, станува сопственик на огромниот комплекс Бања Банско, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Благодарение на семејните и бизнис-интереси на Димов, а со знаење и премолчена согласност на Владата на СДСМ, г. Масев, наеднаш, станува доминантен сопственик на комплекс вреден над 1. 000.000 евра. Комплексот Бања Банско, како и многу други, беа обезвреднети и со огромен попуст доделени на партиски подобни лица блиски до СДСМ. – пишуваа тогаш медиумите.

Зад превземањето на „Нова стоковна куќа АД Струмица“ речиси со сигурност стои некоја матна игра, поради што одборот на директори на Македонската берза, два дена по превземањето на акционерското друштво (22 август) донело и одлука да се изрече и јавна опомена на официјалниот веб сајт на берзата.

На седницата одржана на 20.07.2017 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво Нова стоковна куќа АД Струмица. Мерката се изрекува заради заради необјавување на содржината на донесените одлуки на Собранието на акционери на друштвото најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување.

Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став 1, алинеја 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото Нова стоковна куќа АД Струмица да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата. – стои во соопштението на Македонска берза.

Две недели пред незаконското превземање на „Нова стоковна куќа АД Струмица“, Вице Заев заедно со Ристо Масев беа забележани во една ексклузивна скопска кафеана, каде во друштво на млади девојки имале „преговори“ за тоа како да го изведат незаконското превземање.

Вице, заедно со Ристо Масев (татко на актуелниот кандидат за градоначалник на Струмица од СДС) пристигнале во придружба на обезбедување од МВР, кои направиле хаос пред меаната откако пристигнале со вклучени сирени и флешери. Освен претходницата организирана од МВР, Вице имал и тројца телохранители.

Освен Ристо Масев, на масата со Вице Заев бил и српскиот криминалец Владо Вуковиќ, инаку осуден за тешки финансиски малверзации во Србија. Истиот пребегал во Австрија откако била распишана потерница по него, каде и доби австриско државјанство. Тројцата, според очевидците договарале некакви зделки, но присутните тогаш не знаеа што точно се разговарало.

Facebook impact:

Објавено вторник, 12 септември 2017 12:07:00
Напишано од Виолета