Земјоделците од Струмица ќе ги фрлаат пиперот, доматот и краставицата

Струмичкото поле преполно со домати, краставици и висококвалитетни пиперки, но без реална откупна цена.

img

Игнорирани од владата, земјоделците се револтирани поради ниската цена на пиперките и доматите.

-Ја губиме надежта дека работите ќе се мрднат од мртвата точка. Цената оваа година е поразителна, велат земјоделците.

-Земјоделците се песимисти дека ќе се најде решение, бидејќи никој не ни нуди реално решение. Се сретнавме со преставнци од министерството каде освен политичко обраќање не ни понудија реална поддршка и субвенционирана цена, истакнаа земјоделците.

-Откупот е стопиран побарувачката е слаба, потенцираа од Сојузот на земјоделци од југо-истокот.

-Цените паднаа, не се движат работите. Потребен е интервентен откуп на овие производи. Цената на доматот е околу 15 денари, а краставицата во струмичко се откупуваше по само 2 до 3 денари, по што новите и плантажите се преполни бидејќи земјоделците одбиваат да ги берат по вака ниски цени, но не за долго бидејќи истите ќе скапат, додаваат од Сојузот.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 19 јуни 2017 04:49:00
Напишано од Виолета