Како НЕ треба да се однесувате на работно место?!

Кога почнувате со работа, особено ако сте млади, сигурно размислувате да се покажете во најдобро светло во институцијата во која работите. Но, постојат некои работи кои мора да ги знаете во врска со работата и кои не смеат да го загрозат вашиот приватен живот.

img

1. Колегите на работа се само колеги и ништо повеќе.Немојте многу да се приврзувате за нив затоа што тие се само луѓето со кои работите, а не ваши пријатели или членови од семејството.

2. Работата треба да ја сфатите само како работа и никогаш не си ги земајте при срце работите кои се случуваат на работното место. Запаметете дека ниту една работа на светот не вреди колку вашето здравје.

3. Без разлика каква функција имате во институцијата во која работите, никогаш не треба да заборавите дека пред сé сте само човек за кој вие одлучувате каков човек тој ќе биде.

4. Иако работите напорно за да постигнете успех, сепак тоа не се случува. Мора да знаете дека не постои рецепт за успех. Најважно е вие да се трудите и понатаму, а резлутатот нема да изостане.

5. Доколку ви се случи да добиете отказ, во никој случај од тоа не треба да правите драма. Било и поминало. Кренете ја главата горе и продолжете понатаму.

М.М.

Facebook impact:

Тагови:

Објавено понеделник, 23 септември 2013 19:10
Напишано од Елена



Барај