Неколку начини како да работите побрзо

Ако имате проблем со задачите кои ви одземаат поголем дел од денот, постојат неколку начини да ја зголемите својата продуктивност за да се чувствувате исполнето и задоволно со својот напредок.

img

Разбудете се рано
Ако се разбудите рано, ќе ја забележите тишината. Се` уште не сте обземени со дневните обврски и имате момент за себе. Ако не сте навикнати на рано станување, секој ден обидувајте се да го местите алармот неколку минути порано.

Направете список
Списокот нека биде мал, за да не ви изгледа како оптоварување. Прецртувајте ги завршените обврски, тоа ќе ви даде мотивација за останатите. Чувајте го блиску во себе, за да не мора да правите нов и да завршите со неколку неисполнети списоци.

Одредете цели
Попродуктивни сме кога знаеме што сакаме. Не е битно дали целите се големи или мали, битно е да се јасно поставени.

Наметнете си сами себе одговорност
Обврзете се да ги сработите задачите или планираните работи. На пример, ако сакате да вежбате, кажете и за тоа на својата мајка или пријателка, така постои поголема можност планот и да го остварите.

Завршете ги најпрво најтешките обврски
Во човековата природа е да ги одложува тешките обврски. Затоа, прво направете го она што мислите дека е најтешко и би ви одземало најмногу време, па во споредба со тоа, се` друго ќе ви изгледа полесно.

Почестете се себеси
Ако сте имале добар и продуктивен ден, не заборавајте да се наградите. Нека биде тоа мала работа - чоколадо, сладолед, марама...Ќе бидете посреќни и ќе ви порасне енергијата.

Вашите цели нека бидат видливи
Ако себеси сте си поставиле одредени цели, потрудете се секогаш да бидат видливи. Ставете ги на компјутерот или на ѕид. Поентата е во тоа да ви бидат достапни кога се чувствувате непродуктивно или уморно.

lady.mk

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 06 септември 2013 06:05:00
Напишано од Биле