Површност во работењето

Нè утепа површноста во работењето. Многу сме, бре, површни. И проблемот е во тоа што сите тие кои се површни не разбираат дека, ако се површни на работа, тие се површни и дома и со пријателите и со фамилијата и насекаде! И најстрашно од сè е што на тие луѓе секогаш друг или други им се криви, никако тие да разберат дека поради нивната површност се такви какви што се. За жал, сè повеќе луѓе има кои иако се површни успеваат да напредуваат, но најчесто во јавниот сектор (за жал, што воопшто напредуваат).

img

Едно треба да се знае, тие луѓе само ја влечат работата надолу и две решенија се во опција: или ќе си отидат од таму од каде што се (дали сами или со помош на претпоставениот, тоа оставам на вас кои сте на позиција да го направите тоа) или, пак, ќе се променат.

Кога зборуваме за површни луѓе, зборуваме за луѓе кои воопшто не го активираат мозокот, кои сакаат да поминат по полесниот пат (најголем број), кои не сакаат ни капка пот да дадат од себе, а сакаат да имаат најголеми заслуги...

Површноста е карактерна особина и тие коишто се површни во работата треба многу да работат за да променат некои работи кај себе. И за тоа може да пишуваме во некоја друга околност. Тука повеќе би сакал да се задржам на моментот како да се справите/ме со нив и како да ги научиме да се променат, а ако ова не помогне тогаш оставам на вас да решите што понатаму:

- Бидете специфични – ако доцнат, кажете им дека доцнеле толку и толку пати во текот на неделата и дека не може да се потпрете на нив. Ако не ги извршуваат работите како што сте се договориле (гледајте да се договорите со нив за точниот период на исполнување на обврските и писмено искомуницирајте го тоа), тогаш наведете им го тоа.
- Не дозволувајте да ви го одвлечат вниманието – не го трошите времето на тоа колку време поминале тие на некој социјален медиум или во неработење. Не велам дека не треба да им кажете, но вие си имате ваши задолженија. Тие ќе пробаат да направат сè за да ги придобијат луѓето кон себе.

Објавено среда, 03 септември 2014 7:10:00
Напишано од Емилија