Дамјан Стојановски мора да оди на итна операција по најновата повреда

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски, повторно се соочува со пауза откако на натпреварот со Велика Британија во саботата го повреди коленото.

img

Лекарските прегледи покажаа дека се скинати предните вкрстени лигаменти на десното колено.

Стојановски ќе мора итно да биде опериран, а во тој случај, заедно со рехабилитацијата, паузата ќе трае меѓу шест и седум месеци.

Репрезентативецот на Македонија претходно имаше слична повреда, но на левото колено. Ова е сериозен удар за составот на селекторот Драган Раца во пресрет на следните четири натпревари до крајот на квалификациите за ЕП 2017.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 05 септември 2016 04:43:00
Напишано од Ирина


Последни вести