Дончич ќе донира 30 илјади евра од продадените патики

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ги продаде своите патики со кои настапи на финалето на Евробаскет 2017 и собраните 30.000 евра ќе ги донира за хумани цели.

img

Играчот на Реал Мадрид на ваков чекор се решил со цел подобрување на условите за развој на млади кошаркари кои живеат во тешки финансиски услови во Словенија, објавија локалните медиуми.

„Црвените патики” кои младиот словенечки кошаркар ги носеше на сите натпревари на ЕП како и на финалето во победата над Србија се до средината на третиот период кога се повреди, ги купи една словенечка фирма која вети дека ќе ги изложи во своите простории.

Во слични акции собрани се околу 10 милиони евра кои ќе бидат искористени за помош на околу 5.000 талентирани сиромашни деца од Словенија.

 

Facebook impact:

Објавено сабота, 30 септември 2017 11:10:00
Напишано од емилија


Последни вести