Македонските кошаркари го претрпеа и третиот пораз на Евробаскет 2015

Македонските кошаркари го претрпеа и третиот пораз на ФИБА Евробаскет 2015. Репрезентацијата на Грузија го доби натпреварот со убедливи 90:75.

img

Македонија на два пати се доближуваше резултатски, но сепак не успеа да направи пресврт, а Грузија го зачува водството до самиот крај.

Најефикасен кошаркар во победничкиот табор беше Заза Пачулија со дабл-дабл учинок од 23 поени и 13 скокови, а Маркоишвили забележа 18 поени, додека во репрезентацијата на Македонија како најефикасни завршија Ричард Хендрикс со 14 и Бојан Трајковски со 13 поени.

Следниот меч на ЕП, воедно  и последен од првата фаза во Загреб репрезентацијата на Македонија го игра утре, против Словенија, од 15 часот.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 09 септември 2015 09:01:00
Напишано од Ирина


Последни вести