Максималниот ефект во АБА лигата го задржа Црвена ѕвезда

Кошаркарите на Црвена ѕвезда го задржаа максималниот ефект во регионалната АБА лига, откако вчеравечер дури по продолжение ја совладаа Мега Лекс со 81:69.

 

img

Ова беше најнеизвесниот дуел што актуелниот шампион го одигра ова сезона во регионалното натпреварување. По нерешените 67:67, во дополнителните пет минути „црвено-белите“ беа убедливи со 14:2 за 17. триумф во исто толку натпревари.

Резултати на другите пет завршени натпревари од 17.коло:

Задар – Цедевита 80:94,
Партизан – Карпош Соколи 76:72,
Цибона – МЗТ Скопје Аеродром 87:79,
Крка – Будуќност 67:75 и
Морнар – Олимпија 93:70.

Колото ќе се комплетира вечер по дуелот Игокеа – ФМП (почеток 17 часот).

Табела: Црвена ѕвезда 17-0 (победи-порази), Партизан 14-3, Цедевита 12-5, Будуќност 12-5, Цибона 11-6, Игокеа 9-7, Олимпија 7-10, Морнар 6-11, Задар 6-11, Мега Лекс 5-12, Карпош Соколи 5-12, Крка 5-12, ФМП 5-11 и МЗТ Скопје Аеродром 4-13.

Facebook impact:

Објавено вторник, 10 јануари 2017 09:06:00
Напишано од elenaM


Последни вести