Познати се 16-те селекции кои изборија пласман во осминафиналето на Еуробаскет 2015

Познати се 16-те селекции кои изборија пласман во осминафиналето, а Македонија која имаше скор 1-4 (победи-порази) првенството го заврши на 19. место.

img

Денеска на првенството е слободен ден, а осминафиналистите ќе треба да допатуваат во Лил, каде ќе се игра завршницата.

Резултати од 5.коло:

А група (Монпеље):

Финска - Полска 65:78,

БиХ - Русија 61:81,

Франција - Изреал 86:61.

Табела: Франција 5-0 (победи - порази), Израел 3-2, Полска 3-2, Финска 2-3, Русија 1-4, БиХ 1-4.

Б група (Берлин):

Србија - Италија 101:82,

Германија - Шпанија 76:77,

Турција - Исланд 111:102 (91:91) по продолжение.

Табела: Србија 5-0, Шпанија 3-2, Италија 3-2, Турција 3-2, Германија 1-4, Исланд 0-5.

Ц група (Загреб):

Македонија - Словенија 51:62,

Грузија - Хрватска 71:58,

Грција - Холандија 68:65.

Табела: Грција 5-0, Хрватска 3-2, Словенија 3-2, Грузија 2-3, Македонија 1-4, Холандија 1-4.

Д група (Рига):

Украина - Белгија 71:79,

Летонија - Естонија 75:64,

Чешка - Литванија 81:85 (69:69) по продолжение.

Табела: Литванија 4-1, Летонија 3-2, Чешка 3-2, Белгија 3-2, Естонија 1-4, Украина 1-4.

Утре во осминафиналето ќе играат: Летонија – Словенија (12 часот), Грција – Белгија (14:30 часот), Шпанија – Полска (18:30 часот) и Франција – Турција (21 часот).

Во недела на програмата се осминафиналните дуели: Хрватска – Чешка (12 часот), Србија – Финска (14:30 часот), Израел - Италија (18:30 часот) и Литванија - Грузија (21 часот).

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 11 септември 2015 09:15:00
Напишано од Ирина



Последни вести