Тренерот Вујовиќ и пет играчи на Загреб во болница, мечот со Вардар се одложува?

По победата над Мешков во неделата од 24:21 во рамките од 2.коло од СЕХА лигата тимот на Загреб остана подолго од планираното  во Брест.

img

Имено, поради вироза на инфузија во болница завршиле тренерот Веселин Вујовиќ и играчите Шушња, Вујиќ, Павловиќ, Степанчиќ и Ивиќ.

Екипата дури денес преку Варшава треба да се врати во Загреб, а како што стојат работите најверојатно мечот со Вардар кој е на програмата на 12-ти септември ќе биде одложен, пишуваат хрватските медиуми.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 08 септември 2015 05:17:00
Напишано од Вероника