Гроздановски и Илијоски ќе бараат нови клубови

Македонските интернационалци Влатко Гроздановски (Лиаонинг Вовин -Кина) односно Баже Илијоски (Рапид-Романија) најверојатно во скоро време ќе ги напуштат своите тимови.

Како што пренесува „НоваМакедонија“ по интервјуто со двата македонски фудбалски интернационалци, се вели дека нашите интернационалци се незадоволни поради неисплатени долгови, па кариерата би можеле да ја продолжат во други клубови.

„Речиси половина од договорот не ми е исплатен и немам намера да останам“ изјави Гроздановски за „НоваМакедонија“.

За истиот медиум со своја изјава и Баже Илијоски кој настапува во Романски Рапид од Букурешт.

„Ми останаа должни многу пари и затоа нема шанси да останам во клубот. Не сакам да играм ниту во Романија, зашто секаде има проблеми со исплаќање на фудбалерите“ беше дел од изјавата на Илијоски за „НоваМакедонија“.

Извор/Изјава: „НоваМакедонија“

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 08 јануари 2013 02:48:16
Напишано од admin


Последни вести