Дарко Велковски се прости од младинската репрезентација на Македонија

Соиграчите од младата репрезентација на Македонија вчера му приредија мало изненадување на Дарко Велковски кој го прослави својот 22 роденден.

img

Велковски по изненадувањето одржа и говор во кој се прости со младинската репрезентација на Македонија.

-Чест ми беше да бидам од оваа генерација фудбалери. Искрено посакувам идните наши млади генерации да продолжат и да ги надополнат успесите кои ние ги постигнавме, рече Велковски пред своите соиграчи вчера во Сопот.

Тој две години беше дел од младинската репрезентација на Македонија која успеа за прв пат во фудбалската историја на Македонија да се пласираат на Европско првенство.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 22 јуни 2017 12:08:00
Напишано од Виолета