Футсал турнир 05-07.12.2016

Фудбалската федерација на Македонија од 5. до 7. ноември е организатор на футсал турнир на кои ќе настапат најдобрите репрезентации за Македонија, Португалија и Босна и Херцеговина.

img

 

Натпреварите ќе се одиграат во спортскиот центар „Борис Трајковски“ – ВИП арена. Блок влезница за сите три натпревари чини само 100 денари и веќе се пуштени во продажба преку продажната мрежа на mktickets .

Во Скопје како дел од репрезентацијата на Португалија ќе пристигне славниот Рикардињо, виртуозот висок само 164 сантиметри чија големина не се однесува на неговата височина, туку на фудбалските акробации и мајсторството на паркетот.

Ако до сега не сте го гледале еден од најдобрите футсал играчи во светот на турнирот во Скопје имате ретка можност да се запознаете со маестро Рикардињо, вистинскиот футсал мајстор.

Билетите можат да се купат електронски на http://www.mktickets.mk/ или во следните продажни места:  Југотон ГТЦ 1 кат; Универзална Сала – Скопје; Тобако - МПМ ПРЕС; Тобако  Гоги - Драчево ; Тобако Дрводекор; Тобако 2 – Скопјанка; Њу Тобако - Охрид ; Нептун Стадион; Нептун City Mall; Нептун Аеродром; Нептун низ Македонија: Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Куманово, Гостивар, Струга, Охрид, Кочани и Штип;

Распоред на натпревари:

5. декември 18:00 часот: Македонија – Босна и Херцеговина

6. декември 17:00 часот: Португалија – Босна и Херцеговина

7. декември 17:00 часот: Македонија - Португалија

 

Се вчитува прикажувачот на видео...

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 29 ноември 2016 12:25:00
Напишано од Елена


Последни вести