Ѓорѓиоски: Ова е успех за паметење

Македонскиот шампион Вардар постигна историски успех откако стана првата македонска екипа која избори пласман во групите од Лига Европа.

img

Во баражот од ова натпреварување „црвено-црните“ го елиминираа турскиот тим Фенербахче. Од постигнатите резултати задоволство искажа и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија(ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски.

– Честитки за ФК Вардар, ова е брилијантен резултат, успех за паметење. Навистина треба да бидеме горди на овој успех. Сите заслужуваат пофалба, од фудбалерите, преку стручниот штаб до раководството на клубот – браво за секој што има придонес во овој резултат. Полните трибини ова лето и радоста која ја видовме сведочи колку Македонците го сакаат фудбалот, колку на луѓето им значи успехот на нивниот клуб и колкава е вредноста на македонскиот клупски фудбал. Сведоци сме на една фудбалска еуфорија за која многу значајни се и медиумите и навивачите кои создаваат позитивна атмосфера. Среќно во групната фаза, порача Ѓорѓиоски преку официјалната интернет страница на ФФМ.

Facebook impact:

Објавено петок, 25 август 2017 12:22:00
Напишано од емилија