„Индекс.хр“: Некој „многу паметен“ одлучил Супекупот да се игра во Скопје, Македонија е пекол на земјата

Некој „многу паметен“ во УЕФА одлучил натпреварот од европскиот Супекуп помеѓу Реал мадрид и Манчестер Јунајтед да се игра во Скопје, и тоа на 8-ми август, со почеток од 20:45 часот, пишува хрватскиот портал „Индекс“ во пресрет на утрешниот меч.

img

Според порталот, одлуката Суперкупот да се игра во Скопје во текот на летната жега е „доказ за елементарна неукост и лошо планирање“.

-Дури и најповршните познавачи на климатските прилики знаат дека Македонија во оваа доба од годината е пекол на земјата. Инаку прекрасна земја, која во текот на летотo паметно е да се избегне, пишува Индекс.хр.

Според порталот, тоа се покажало и денеска, кога температурата во Скопје изнесувала 40 степени, додека  за време на одигрувањето нa натпреварот се очекуваат 35 степени, без оглед на тоа што се игра во вечерен термин.

Facebook impact:

Објавено вторник, 08 август 2017 02:27:00
Напишано од Виолета


Последни вести